Османи го пречека Сијарто и унгарската хуманитарна помош од 100.000 маски и 5.000 заштитни скафандери

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утрово на Меѓународниот аеродром Скопје го пречека Министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петар Сијарто кој во рамките на посетата донесе заштитна опрема за борба против КОВИД19, како помош од Република Унгарија за нашата земја.

„Северна Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени потреби, покажаа навистина несебична солидарност од страна на Република Унгарија“, изјави Османи, упатувајќи лична благодарност до Министерот Петар Сијарто за севкупната поддршка на Република Унгарија за земјава.

По пречекот, во просториите на самиот аеродром, Османи оствари и билатарелана работна средба, на која беа разменети информации и за натамошните чекори во однос на европската агенда на земјава по добивањето на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ, процесот на формирањето на преговарачката рамка, како и подготовката на земјата за самиот почеток на преговорите.

„Дозволете да се заблагодарам за цврстата, и гласната поддршка за нашите европски интеграции, вклучувајќи ја тука и навистина успешната мисија на еврокомесарот за проширување Вархеји, кому најмногу може да му се препише заслугата, за експресното усогласување на новата методологија, и секако, исправањето на грешката од ноември минатата година преку одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со земјава“, истакна Османи, посочувајќи дека Република Северна Македонија, и покрај предизвикот во справувањето со КОВИД19, соодветно ќе се подготви и адаптира за почеток на преговорите.

Со специјален воен карго авион, Министерот Сијарто допатува во земјава директно до Унгарија со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски