Османи: Со европската донација ги зајакнуваме капацитетите на здравствениот систем за борба против Ковид – 19

Од:

Во Скопје денеска пристигнаа 12 машини за асистирано дишење – респиратори, како и пет илјади заштитни маски „N95“, како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби.

Како што соопшти Секретаријатот за европки прашања како надлежна институција за координација на странската помош во земјава, набавката е реализирана во соработка со Агенцијата на Обединетите нации УНОПС.

-Овие 12 машини ќе го зајакнат капацитетот на здравствениот систем за справување со епидемијата и соодветно третирање на пациентите, што е еден од главните предизвици во справувањето со епидемијата. Во овие сложени околности и отежнати услови за набавка на овие респираторни машини, набавката и доставата на овие машини претставува огромен успех, порача Османи.

Тој упати посебна благодарност до претставниците на ЕУ во земјата, како и до администрацијата задолжена за реализација на набавката.

-Особено сум горд на вработените во Секретаријатот за европски прашања, кои во соработка со агенцијата на ОН успеаја да ги надминат сите технички, процедурални и транспортни предизвици за да ја обезбедат оваа сложена набавка, порача Османи.

Респираторите кои денеска пристигнаа во земјава се произведени во Јужна Кореја, а според договорот потпишан на 3 април, останува преку УНОПС да се испорачаат уште осум респираторни машини или вкупно 20. Во рамките на помошта од Европската Унија, во континуитет пристигнува медицинска и заштитна опрема согласно утврдената приоритетна листа, нацедуваат од СЕП.

Би можело да ве интересира

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски