Османи: Северна Македонија ги дели истите вредности со сојузниците

Од:

Во седиштето на Алијансата во Брисел денеска се одржа вториот ден од Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи на кој учествуваше шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој истакна дека Северна Македонија ги дели истите вредности со сојузниците и оти е подготвена да придонесе за заштита на безбедноста и унапредување на соработката.

Една од главните теми на овој министерски состанок, како што соопшти МНР, беше натамошниот развој на иницијативата „НАТО 2030“ и како НАТО да продолжи да се адаптира на промените во однос на безбедноста и растечките закани.

На состанокот трансатлантското партнерство беше високо на агендата при што земјите-членки се согласија дека трансатлантските врски остануваат камен темелник на нашата колективна одбрана и се од голема важност за политичката кохезија.

Министрите одлучија на следниот Самит на НАТО да се отвори ново поглавје во трансатлантските односи и да се донесат нови насоки за иднината на Алијансата до и по 2030, како и понатамошното зајакнување на политичката димензија на НАТО вклучувајќи и одржување на консултации.

За време на состанокот беа прифатени и препораките за ажурирање на Стратешкиот концепт на НАТО.

На денешната трета сесија беше нагласена потребата за зајакнување на стратешката соработка меѓу НАТО и ЕУ.

–Слично на НАТО, и европската перспектива ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на нашиот регион. Не треба да дозволиме амбивалентноста да резултира со дивергенција кој би можела лесно да се искористи од надворешни актери. Затоа, придружувањето на Западен Балкан кон ЕУ е од значајна важност, истакна Османи.

На маргините на денешниот состанок министерот Османи оствари билатерална средби со својот португалски колега Аугустос Сантос Силва, чија земја е актуелен со ЕУ. Двајцата министри покрај безбедносните предизвици разговараа и за европското досие на Северна Македонија, особено можностите за заокружување на одлуката на Советот за почеток на преговорите за време на португалското претседателство.

Министерот Османи оствари средба и со министерот за надворешни работи на Финска, Пека Олави Хаависто. На средбата соговорниците разменија мислења за блиското партнерството помеѓу НАТО и Финска, европската агенда на Северна Македонија и процесот на проширување со ЕУ како и можностите за продлабочување на севкупните односи преку унапредување на политичкиот дијалог.

На Северно-Атлантскиот Совет на НАТО, министрите за надворешни работи одобрија и нотираа неколку усогласени документи во врска со темите кои беа предмет на дискусија во рамки на НАТО.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

Четири години членство во НАТО: Северна Македонија фактор на стабилност на Западниот Балкан

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски