Османи: Семејството Скаик од Газа вратени во земјава, работиме на извлекување на уште двајца наши државјани

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку објава на својот Фејсбук профил информира дека четиричленото семејство Скаик по подолго време е безбедно евакуирано од Газа и тие денеска се вратија во земјава. Османи посочува дека сите напори сега се фокусирани на извлекување на уште двајца наши државјани, брачен пар, чија евакуација, како што вели, ја очекуваат наскоро.

-Семејството Скаик, после подолго време безбедно евакуирани од Газа, а од денес на сигурно во земјава. Евакуацијата од Газа претставува посебен дипломатски и пред сѐ конзуларен предизвик, имајќи ја предвид сложената безбедносна состојба во тој регион. Посебно сакам да оддадам признание на дипломатите во нашите амбасади во Каиро и Тел Авив, кои беа во постојан контакт и со семејството и со властите во Египет и Израел, напиша Османи.

Упати благодарност до Меѓународната организација за миграции (IOM) која помогнала при нивниот трансфер во Скопје, како и Министерството за труд и социјална политика, односно Центарот за социјална работа во Скопје, за организацијата на сместувањето.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија