Османи: Секретаријатот за европски прашања мора да биде подготвен за старт на преговорите во 2018 година

Од:

Денес во Струга, во организација на Секретаријатот за Европски прашања, започна Работилницата „Предизвици 2018“ на која администрацијата од Секретаријатот за европски прашања, заедно со кабинетот на Заменик Претседателот на Владата Бујар Османи, ќе ги утврдат плановите и активностите за подготовка на Секретаријатот за европски прашања за предизвиците со кои ќе се соочи Република Македонија на патот на европските интеграции во 2018 година.

„2018 година претставува историска година за евроинтегративните процеси во Република Македонија, кога, како никогаш порано ни се отвора прозорец на можности за да направиме сериозен исчекор и конечно да ги затвориме прашањата за ЕУ и НАТО.“, изјави Османи при отворањето на работилницата. Тој додаде дека Секретаријатот за европски прашања, неговиот кабинет, но и целата структура на администрацијата потребно е да се подготви за предизвиците кои ги носи 2018 година, како година во која ќе се носат клучните одлуки од стана на телата на Европската Унија, за европските интеграции на Република Македонија.

„Доколку успешно ги адресираме предвидените реформи, но и согласно успешноста во адресирањето на отворените политички прашања, постои сериозна можност уште во 2018 година да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, изјави Османи. Тој додаде дека Секретаријатот за европски прашања, како најстручна и најподготвена административна структура, треба навремено да ги антиципира овие настани и соодветно да го подготви тимот, структурата и администрацијата за евентуалниот почеток на преговорите.

Работилницата „Предизвици 2018“ се изведува со директна поддршка од страна на Германската агенција за меѓународна соработка – ГИЗ, т.е., од Отворениот регионален фонд за промоција на европската интеграција во Југоисточна Европа кои воедно се и целосни донатори на работилницата.

Со ова, продолжува поддршката што Секретаријатот за европски прашања, како главно координативно тело на Владата на Република Македонија за надгледување и спроведување на обврските на земјата за приближување кон Европската Унија, во последните две децении постојано ја имаше од Германија во своите активности за подготовка на земјата за предизвиците кои произлегуваат од евроинтегративните процеси.

Би можело да ве интересира

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити