Османи се сретна и со Брнабиќ и Дачиќ

Од:

Министерот Бујар Османи во рамки на посетата во Србија реализираше одвоени средби и со претседателот на Народното Собрание Ивица Дачиќ, како и со претседателката на Владата, Ана Брнабиќ.

На средбата во Владата, соопшти Министерството за надворешни работи, Османи ја пренесе подготвеноста за реализација на Третата заедничка седница на двете влади, како дополнителен позитивен импулс за натамошниот развој и интензивирање на односите и севкупната соработка меѓу двете земји.

-Убеден сум дека заедничката седница на Владата ќе претставува потврда на блиските односи, но и одлична можност да се интензивираат иницијативите за поголема соработка во економијата, инфраструктурата, енергетиката, како и сите останати аспекти кои ја детерминираат динамиката на односите меѓу двете земји, изјави за време на разговорите Османи. Беше направен осврт и на политичките и економски односи и соработка, регионалната соработка и ЕУ интеграциите.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Мафијашки поздрав за Дачиќ: Министерот доби писмо со три куршуми

Брнабиќ: Србија е изложена на обид за Шарена револуција