Османи-Ромео: Изгубеното време треба да се надомести

Од:

Фокусот на Македонија останува на исполнувањето на обврските кои произлегуваат од Итните реформски приоритети и Договорот од Пржино со цел да се отстрани условеноста за препораката за членство во Европската унија, порача вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на денешната средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромеро.

Тој, информираат од СЕП, изрази надеж дека оваа позитивна енергија која сега преовладува ќе биде одржлива и ефикасно ќе се насочи кон реализација на она што го имаме зацртано како цел-членство во Европската унија и НАТО. Османи истакна дека е време да се затворат меѓуетничките прашања како и сите други отворени прашања кои се клучен елемент за остварување на нашите евроатлантски аспирации.

– Имаме голем предизвик пред нас да надоместиме за изгубеното време и се надевам дека тоа ќе го направиме во тесна соработка со сите заинтересирани страни во земјата, како и со меѓународните партнери, рече Османи.

Го посочи Берлинскиот процес како добар механизам за понатамошно зајакнување на регионалната соработка и економиите на земјите од Западен Балкан. Османи нагласи дека очекуваме конкретни резултати од претстојниот самит во Трст, кој се одржува во рамките на Берлинскиот процес, и воедно е уште една потврда дека поддршката на Италија за проширување на Унијата кон земјите од Западен Балкан останува.

Вицепремиерот Османи и амбасадорот Ромео изразија задоволство од билатералната соработка меѓу двете земји, како и меѓусебните пријателски односи, иако посочија дека има простор за нејзино унапредување со нови конкретни проекти. Двајцата соговорници се согласија дека постојниот оптимизам и јасно изразената подготвеност треба да се искористи за забрзување на темпото на реформите и откочување на евроатлантските процеси во Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите