Османи: Решив да се изолирам до вторник, кога и ќе се тестирам

Од:

Вицепремиерот Бујар Османи соопшти дека се изолирал и решил да не отиде на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски, по средбата со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски на кого му е дијагностициран коронавирусот. Османи рече дека ќе се тестира за да провери дали и тој е позитивен, посочувајќи дека постојано носел заштита опрема во текот на средбата.

„По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите“, посочи Османи.

Тој му посака брзо закрепнување на градоначалникот Димитриевски, како и на сите граѓани заразени со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија