Османи: Разговараме за вметнување на Бугарите во Уставот зошто тоа е вистинскиот пат

Од:

Барањето за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав доаѓа од бугарското малцинство во земјава,а на од Бугарија објаснуваше министерот за надворешни Бујар Османи на денешниот брифинг одговарајќи на прашањата за различните позиции околу заштитата на интересите на малцинствата и ставот кој по ова прашање го заземаат двете држави.

-Македонија има обврска да не се меша по однос на уставното уредување на Бугарија, тоа е преземена обврска, ние немаме право да им кажуваме на Бугарите каков им е уставот, таква обрска е преземена во 1999 и во 2017 година. Не може државата да кажува кој што е, тоа е право на индивидуално определување ако некој се декларира како Македонец, но тие се бугарски државјани, бугарските држава треба да стои зад нив, ние немаме право да застануваме зад граѓани кои не се наши државјани, вели Османи.

Ако нема спор за барањето на Хрватите и на Црногорците, зошто би имало спор за барањето на Бугарите кои бараат признавање на бугарско малцинство во однос на макеоднското мнозинство смета министерот.

На забелешка дека бугарската држава инсистира на вметување на Бугарите во уставот, Османи вели дека имал средба со преставник на партијата на Бугарите кој побарал да бидат вклучени во уставот.

– Бугарската заедница треба да се обрати до институциите, ние сме најсилни на тој терен, мултикултурализмот, на тоа поле постигнавме најмногу од сите во регионот. Ако овде не им посветиме внимание, ќе одат кај бугарските институции, рече Османи.

Тој вели дека се разговара за вметнување на Бугарите во Уставот зошт оспоред него тоа е вистинскиот пат. Вели дека треба да се пгеровара со ладна глава затоа што крајната цел е Македонија да стане европска држава и да биде дел од ЕУ.

Министерот најави дека на 17 февруари се очекува да се одржи состанок на четвртата работна група за образовани и култура, како и на третата работна група за европски интеграции, зелена агенда и дигитализација. По 20 февруари ќе се одржи и втората средба на експертите од министерствата за надворешн работи на двете земји во Скопје.

Би можело да ве интересира

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски

Османи: Уставен суд извршува наредби на ВМРО-ДПМНЕ

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on