Османи-Рау: За Полска нема дилема дека Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на работна посета на Полска се сретна со својот домаќин, шефот на полската дипломатија Збигњев Рау. Посетата се случува во пресрет на јунскиот самит, во контекст на засилениот ангажман за официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, како стратешка цел на земјата и императив за целиот регион.

На разговорот, како што соопшти МНР, во преден план беа актуелните теми поврзани со евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и притоа Османи ја истакна благодарноста на нашите граѓани за поддршката и помошта што Полска ни ја дава во процес на проширувањето на ЕУ. Беше истакнато дека остануваме посветени на доследна имплементација на реформската агенда, како и на активностите за унапредување на добрососедските односи, со посебен фокус врз Бугарија, преку имплементација на акцискиот план за интензивирање на секторската соработка и отстранување на постоечките разлики.

– Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо на реформската агенда, ставајќи посебен акцент на реализацијата на акцискиот план за мулти-секторска соработка и надминување на постоечките разлики со нашите пријатели од Бугарија. Во овој контекст, искажувам благодарност традиционален повеќедецениски пристап и поддршка од Република Полска, како и на целата В4 група, која во континуитет даваше безусловна поткрепа на нашиот евроинтегративен пат. Морам да нагласам дека европската интеграција има позитивно влијание на процесот на трансформација на нашето општество, а згора на тоа претставува и трајна инвестиција во мирот и стабилноста на Западен Балкан, а со тоа и на цела Европа и е во интерес на сите земји-членки поединечно, истакна Османи.

Министерот Рау ја реафирмираше цврстата поддршка на неговата земја за започнувањето без одлагање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ и изјави дека недвосмислен консензус околу ова прашање постои и на ниво на Вишеградската група, со која Полска претседава до 30 јуни годинава.

– Полска цврсто стои на ставот дека процесот на пристапување мора да биде радикално забрзан и ние мораме што е можно побрзо, а најдобро оваа година да ги отвориме првите поглавја со Северна Македонија и потоа ритмички да ги затвараме. Ние сме под позитивен впечаток за реформскиот процес на Владата во Република Северна Македонија кои го приспособуваат политичкиот и општествениот систем на земјата кон стандардите на ЕУ, како и за обемот на транспортирање на законодавството со ЕУ во системот на земјата, кој е импресивен, истакна Рау.

Тој нагласи дека во дискусијата за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, а во тие рамки и Северна Македонија, Полска е во првите редови на поддрѓувачи за пристап на земјава.

– Убеден сум дека пристапувањето на земјите од Западниот Балкан не е корисно само за тие шест земји, туку е корисно и неопходно за стабилноста и кохезија на земјите од цела Европа. Доколку европската перспектива им биде затворена на овие земји или задоцнета во тоа што на англиски го нарекуваме “soft spot”, таму ќе влезат екстерните влијанија кои нема да ги промовираат европските вредности. Зборувавме и за многу работи кои не поврзуваат од минатото, но и за заедничката визија за иднината. Подвлеков дека Полска е убедена дека во дискусијата што се води за Иднината на Европа, треба да учествуваат и шесте земји од Западен Балкан, како идни членки на ЕУ кои треба да имаат влијание врз обликувањето на иднината на Унијата. Денешните разговори до министерот Османи потврдија дека таквото наше мислење е оправдано, додаде Рау.

Како што информира МНР, во разговорот меѓу двајцата министри посебен акцент беше ставен на соработката во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со која Полска ќе претседава во текот на 2022 година. Оваа соработка, чија цел има промоција на вредностите врз кои почива Организацијата – демократијата, мирот и стабилноста преку изградба на довербата преку дијалог и транспарентност, добива на значење во контекст на претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

За време на престојот во Варшава, шефот на дипломатијата, Османи оствари одделна средби и со претседателот на комисијата за надворешни и ЕУ работи во полскиот Сенат, Богдан Клих со кој дискутираше главно за претстојната европска агенда на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ