Османи: Претседавањето со ЕУ е голема чест за Република Бугарија, но и голема шанса за Република Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, по повод преземањето на Претседателството со Европската Унија од страна на Република Бугарија, во просториите на МК-ЕУ Инфо центарот (Плоштад Македонија), оствари неформална средба со Амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Иван Великов Петков.

На средбата, Вицепремиерот Османи ги пренесе честитките од страна на Владата на Република Македонија до Република Бугарија за преземањето на Претседателството со Европската Унија, а се разговараше и за приоритетите на бугарското претседателство, политиката на проширувањето, интеграциите на Република Македонија, регионалната соработка како и други теми од меѓусебен интерес.

„Претседавањето со Европската Унија од страна на Република Бугарија претставува голема чест за Република Бугарија, но и голема шанса за Република Македонија, за остварување напредок за нашите европските интеграции” – изјави Османи за медиумите.

Тој додаде дека тоа го потврдува и мотото под кое Република Бугарија ќе претседава со Европската Унија – „Обединети сме посилни“, со што и на симболичен начин се потврдува еден од клучните приоритети на бугарското претседателство – поддршка на процесот за проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан.

„Бугарија ја сметаме за наш пријател, земја – лобист за нашите европски аспирации, а нивното претседателство за историска шанса за остварување значаен напредок на патот кон Европската Унија, Македонија и Бугарија имаат многу повеќе заеднички работи кои ги поврзуваат отколку работи што ги разделуваат” изјави Османи.

Вицепремиерот Османи уште еднаш го повтори ставот дека следните шест месеци претставуваат исклучително важен период за Република Македонија, историска шанса за остварување напредок во евроинтегративните процеси, при што ги повтори очекувањата на Владата:

„Уште на почетокот на следниот месец ја очекуваме стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан, најавена од Претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер, каде очекуваме соодветно да бидат забележани нашите европски перспективи за 2025 година. Уште повеќе, очекуваме вонредна, а потоа и редовна, чиста и безусловна препорака од страна на Европската Комисија за почеток на преговори за членство во Европската Унија. И сето тоа пред одржувањето на историскиот самит за проширување на унијата во Софија, каде очекуваме заклучоци со кои ќе се забетонира европската перспектива на Република Македонија и на целиот регион.“ – истакна Османи.

Тој додаде дека и кон крајот на бугарското претседавање со Унијата, на Европскиот совет во јуни, очекува и на одлука од страна на Европскиот Совет за отпочнување преговори за членство со Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски