ВИДЕО: Османи потврди дека постои иницијатива Секретаријатот за Рамковниот договор да стане министерство

Од:

Вицепремиерот Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање, денеска потврди дека постои иницијатива Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор да прерасне во министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

-Законодавниот дел од Рамковниот договор е исполнет со донесување на Законот за употреба на јазиците и сега повеќе размислувањата и фокусот треба да бидат на имплементација на законските решенија, на духот на Договорот и новите договори што ги имаат потпишано државата, но и на односот меѓу заедниците, рече Османи по средбата со претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Според него, нема да има вработување на нов кадар доколку Секретаријатот за Охридскиот договор прерасне во министерство, туку само ќе се префрли досегашниот кадар со кој тој располага.

На предлогот за формирање ново министерство, доставен до Собранието, потпишани се Јован Митрески од СДСМ, Артан Груби, Џеват Адеми, Реџаиљ Исмаили и Ејуп Алими од ДУИ, Панчо Минов, независен од ГРОМ, и Зеќир Рамчиловиќ од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за два закона – Законот за Владата и Законот за организација и работа на органите на државната управа. Во образложението на предлогот пишува дека ќе бидат потребни дополнителни финансиски средства, но не се наведува колку. Предвидено е да стапи во сила осмиот ден од објавувањето во „Службен весник“, но дека ќе се применува од 1 јуни 2019.

„Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите што произлегуваат од овој договор, како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, пишува во образложението на законските измени, а на дневен ред на Собранието ќе се најдат на 14 март.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство и тоа не му пречеше

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ВРЕДИ: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

Османи: Со секојдневна работа и професионален пристап можеме да го промениме Чаир – да го вратиме достоинството

А1он

Бујар Османи – кандидат за градоначалник на Чаир, Бајрам Реџепи ќе „се трка“ во Тетово

А1он

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски