Османи: Потребно ни е искуството на Естонија за формирањето преговарачки тим и преговарачка структура

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Република Естонија оствари средба со Министерот за надворешни работи, Свен Миксер.

За време на средбата беа отворени темите за приоритетите на естонското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на годината, политиката на проширување, како и за евроинтегративниот процес на Република Македонија. Вицепремиерот Османи на почетокот на средбата го потенцираше новиот политички наратив во Република Македонија, кој е во насока на европскиот оптимизам што е проширен во целиот регион, но и кај земјите членки на Унијата. Овој позитивен моментум претставува историска шанса за посериозен исчекор во рамките не европските и евроатлантските интеграции, шанса за која Република Македонија ги вложува сите напори да не ја пропушти.

Вицепремиерот Османи истакна дека Република Македонија гледа оптимистички на претседавањето со Советот на Европската Унија од страна на Република Естонија до крајот на годината, период во кој нашата држава е агресивно посветена на реформите и отстранувањето на сите пречки кои го отежнуваат приближувањето на Македонија кон Унијата. ”Наша цел е, додека трае претседавањето на Естонија, да ги добиеме првите сигнали од страна на Унијата кои ќе бидат во насока на визибилноста на европската перспектива на Република Македонија.“– изјави Османи. Тој потенцира дека е добро што Република Македонија, на овој пат кон Европската унија, има пријатели и поддржувачи, и дека Република Естонија ја смета за таков сојузник. Во оваа насока, Османи побара и дирекна помош од Естонија за Секретаријатот за европски прашања, за формирањето, подготовка и обука на преговарачкиот тим за евентуалниот почеток на преговорите да биде дочекан со подготвен тим за преговори. Дополнително, Османи побара и поддршка во искуство и знаење за формирањето и подготовка на преговарачката структура во целата администрација, имајќи го предвид искуството на Естонија, како и сличноста на европската администрација во двете земји.

Соговорниците заеднички се согласија дека ЕУ ја потврдува својата позиција за поддршка на процесот на проширување, а претседавањето на Естонија, како и последователно, следните претседателства на Бугарија, Австрија и Романија, претставуваат неповторлива шанса, добар моментум, кој не треба да го пропуштат земјите од Западниот Балкан.

Во рамки на посетата Османи ќе оствари средби и со Клен Јарац, директор на канцеларијата за европски прашања при Владата на Република Естонија, со Томас Витсут, претседател на Комисијата за европски прашања при естонскиот парламент, како и со Ерик Нилс Крос, претседател на парламентарната група помеѓу Република Македонија и Република Естонија.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски