Османи побарал средба со македонските Бугари во најбрз можен рок

Од:

Средба со претставниците на македонските Бугари побарал македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, a барањето доаѓа само една недела откако еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи ги прими лидерите на македонските Бугари во Брисел.

За време на разговорите во Брисел, македонските Бугари му посочија на еврокомесарот дека во Македонија има институционална дискриминација и омраза кон нив.

Македонските Бугари го информираа Вархеи дека во Македонија не наидуваат на разбирање и желба за дијалог од страна на официјалните власти во Скопје.

Бугарската делегација на последниот самит на ЕУ ги информираше лидерите на земјите членки за институционалната омраза кон македонските Бугари и немањето политичка волја од страна на Македонија за спроведување на веќе потпишаните билатерални меѓународни договори.

На почетокот на месецот дојде до нова тензија на релација Софија-Скопје откако македонските гранични власти го блокираа влезот на стотици Бугари кои сакаа да положат цвеќе пред гробот на македонскииот револуционер Гоце Делчев, а тројца од нив беа уапсени затоа што сакаа да се пресметаат со полицијата.

Францускиот амбасадор во Софија предупреди дека Париз „внимателно следи што се случува меѓу Софија и Скопје“.

„Најпрво, ние сме во целосна солидарност со Бугарија во нејзината желба да ги разјасни сите околности околу нападот врз секретарот на клубот во Македонија, Христијан Пендиков, а ги поддржуваме и македонските власти во нивните напори да не се повтори ова“, рече амбасадорот на Франција во Бугарија, неговата екселенција Џоел Мајер Средбата, јави БГНЕС.

Би можело да ве интересира

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции