Османи: По успехот на Преспа, очекуваме напредок и во дијалогот Приштина – Белград

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска престојува во работна посета на Република Косово во рамките на која, оствари средба со Потпретседателот на Владата на Косовo – Енвер Хоџај.

Двајцата соговорници ја потенцираа заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, за што од интерес на двете земји е меѓусебно да се поддржат во процесот на интеграција во ЕУ.

„Денешнава посета на Приштина доаѓа во многу значаен момент, откако го имплементиравме Преспанскиот договор во Македонија, а деновиве, можеби уште денска, очекуваме процедурата да заврши и во Парламентот на Република Грција“, истакна Османи, посочувајќи дека овој Договор, покрај фактот што претставува главна пресвртница за евроатланските интеграции на Македонија, преставува и промотор на европските вредности во целиот Регион, пример за тоа како преку дијалогот, компромисот и позитивниот пристап можат да се затвораат отворените прашања меѓу соседите на Балканот.

„Конечната имплементација на Договорот од Преспа очекувам да има позитивно влијание и врз дијалогот меѓу Приштина и Белград, како веројатно најважно и во моментов најголемо отворено политичко прашање во регионот, од чија разрешница интерес ќе има целиот регион“, истакна Османи

За време на средбата беа отворени и прашањата за билатералната соработка меѓу Македонија и Косово, особено за најавуваната заедничка Владина седница, за која соговорниците заеднички изразија надеж дека ќе се одржи наскоро, односно веднаш по завршувањето на претседателските избори во Македонија, а Вицепремиерот Османи накусо го информираше својот соговорник и за стартот на проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце, со што, заедно со автопатот на косовска страна, патот меѓу Скопје и Приштина од сегашните безмалку два часа ќе се скрати на 45 минути.

Во рамки на еднодневната работна посета на Косово Вицепремиерот Османи оствари средби и со Министерката за Европски интеграции, Дурата Хоџа, како и со Шефицата на канцеларијата на Европската Унија на Косово и специјална претставничка на ЕУ на Косово, Наталија Апостолова, во рамките на кои беа отворени темите за текот на имплементацијата на проектите за прекугранична соработка, како и за европските перспективи на двете земји, но и на целиот Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи