Османи: По Извештајот, Македонија излегува од состојба на ургентност

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, учествуваше на деветтото издание на Компаративната анализа – Извештаи на Европската комисија за Македонија 2014-2018 во организација на ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии и Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Пред почетокот на конференцијата, Вицепремиерот имаше изјава за медиумите.

„Една од најважните придобивки од оваа чиста препорака е дека Извештајот покажа дека Македонија се врати на евроатланската агенда, на евроинтегративниот пат“ – изјави Османи, додавајќи дека овој впечаток е поткрепен и во изјавите на еврокомесарот Хан, при предавање на извештајот, но и при посетата и во обраќањето на Потпретседателката Могерини денеска.

„Извештајот покажа дека Република Македонија успешно ги адресираше Ургентните приоритети, што покажува дека е надмината политичката криза, а земјата е вратена на нормалниот демократски колосек“ истакна Османи, додавајќи дека е констатиран и пристоен напредок во реформите, особено во делот на создавањето на основите, т.е. условите за стабилна долгорочна реформска агенда на државата.

Османи посочи и дека една од клучните придобивки претставува и напредокот во демократскиот и политички квалитет, имајќи предвид дека реформите се имплементирани со целосно почитување на процедурите, на инклузивен начин, со вклученост како на граѓанскиот сектор, експертската јавност, така и на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека нема да бараме ништо друго по уставните измени

Песков: Земјите од ЕУ не разбираат што се случува во светот

Унгарија ја тужи ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за воена помош на Украина

Горан Наумовски

Зградата на делегацијата на Европската Унија е погодена во Киев

Горан Наумовски

Полска: Украина не може да се приклучи на ЕУ додека не се реши прашањето за масакрот во Волин

Русија: Европските предлози за безбедносни гаранции за Украина се целосно неприфатливи