Османи: По изборите ќе почнеме со подготовки за попис на населението

Од:

Вицепремиерот од Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по изборите. Предвремените парламентарни избори и оваа година ќе се одржат без да се знае точниот број на жители во државата. Проблемот за неспроведениот попис минатата година, Османи ја гледа во немањето на консензус во Собранието.

„Ние на Влада постигнавме договор и донесовме закон за попис, што значи дека за првпат имавме етничко усогласување за начинот на кој ќе се спроведе пописот. Знаете дека во 2012 година пропадна поради начинот на читање на законот од двете етнички заедници. Тој консензус се постигна, но не и вкупниот политички консензус во Собрание за да го усвоиме законот. Јас мислам дека решението донесено на Влада е добро решение, кое што треба да се спроведе, но би било добро сите да бидат вклучени во пописот. Би требало веднаш по изборите да почнеме со подготовките за организирање на пописот.

Пописот во 2002 година е последниот спроведен во нашата држава. Тоа значи дека во Македонија, 18 години се одржуваат избори без да се има реален број на население во државата. Во 2011 власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со закон во Собранието го прекина веќе започнатиот попис. Предлог за спроведување на пописот имаше и од СДСМ за во април 2020 година, но и тој не се случи.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски