Османи-Пломп: Холандија отсекогаш била еден од најискрените поддржувачи на Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Валтер Пломп.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Османи потенцираше дека Холандија отсекогаш претставувала еден од нашите најискрени поддржувачи во евроинтегративниот процес обезбедувајќи помош на билатерално ниво за јакнење на институционалните капацитети, финансирање на постдипломски студии, поддршка на инфраструктурни проекти како и пренесување на искуствата на холандските експерти.

Османи го информирал амбасадорот за идните планови кои Владата планира да ги преземе во однос на адресирање на клучните приоритети и справување со предизвиците кои произлегуваат од реформската агенда на Владата. Заеднички е констатирано дека е особено важно да се испорачаат конкретни резултати како потврда за посветеноста на евроинтегративниот процес и враќање на состојбите во нормала.

– Важно е да се фокусираме на она што е реално остварливо и да го направиме процесот што е можно поинклузивен за секој да даде свој придонес во остварувањето на крајната цел да станеме член на европското семејство, истакна Османи на средбата.

Соговорниците констатираа дека се работи за неповторлива шанса која Македонија не смее да ја пропушти и изразија задоволство од реформската посветеност на новата Влада во исполнување на обврските преземени пред меѓународните партнери.

Би можело да ве интересира

Пукање во Амстердам: Едно лице е повредено, осомничениот е уапсен

Холандија го презема кинескиот производител на чипови поради притисок од САД

Шоф: Немаме докази, но мислиме дека Русите ги испратиле беспилотните летала

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Холандија се закани: НАТО ќе соборува руски авиони