Османи- Пејчиновиќ Буриќ: Очекуваме поддршка од Хрватска во остварувањето на нашите евроатлантски интеграции

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на неговата прва официјална посета на Република Хрватска, оствари средба со неговата колешка Марија Пејчиновиќ-Буриќ, Заменик Претседателката на Владата на Република Хрватска и Министерка за надворешни работи и европски прашања. На средбата беа отворени темите за билатералната соработка меѓу двете земји, процесот на проширување и европската перспектива на регионот, како и хрватската поддршка за интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Соговорниците ги потенцираа добрите билатерални односи меѓу двете земји, како основа за остварување на уште подлабока соработка, размена, како и меѓусебна поддршка за политичките амбиции.

Вицепремиерот Османи се осврна на европските перспективи на регионот во контекст на евроинтегративните процеси во Македонија. Тој ја потенцираше новата политичка енергија во насока на европскиот оптимизам кој се создаде со формирањето на новата Влада во Македонија, а која граѓаните ја потврдија и на последните локални избори, покажувајќи силна наклонетост кон европските партии и коалиции. „Овој нов моментум“, истакна Османи „обезбеди поттик за Владата за имплементација на зацртаните реформи,и храбро адресирање на отворените политички прашања. Очекуваме, нашиот придонес да резултира и со конкретни чекори од страна на Европската Унија и НАТО во насока на визибилноста на нашите европски и евроатлантски перспективи. 2018 година претставува историска година за Република Македонија по прашањето на нашите интеграции и за овие наши амбиции очекуваме поддршка од страна на Хрватска“ истакна Османи на средбата.

Во агендата на Вицепремиерот Османи за неговата посета на Хрватска се и средбите со Потпретседателот на Собранието на Хрватска, Жељко Рајнер, со Претседателите на Комисијата за европски прашања, и Комисијата за надворешна политика при Собранието на Република Хрватска, Домагој Иван Милошевиќ и Миро Ковач, каде ќе се отворат темите за регионалната соработка на земјите од Западниот Балкан во рамките на европските процеси, како и за европските перспективи на целиот регион.

На маргините од посетата, Вицепремиерот Османи ќе има обраќање пред дипломатските претставници во Хрватска, кое ќе со одржи во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Загреб, на тема „Нова страница за Македонија: 2018 – година на кредибилна перспектива за проширување“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Торцида пееше: „Ана Франк не е светица. Таа е еврејска ку*ва

(ВИДЕО) Скандал во Хрватска: „Аушвиц, Аушвиц“, „Стани, Адолф“ и „Газете ги Евреите“

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он

Ветераните бараат да му го откажат настапот на Бајага во Пула: Градоначалникот остро им одговори

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец