Османи: Опозицијата има голема вина во тоа што доцни релизацијата на планот 3-6-9

Од:

Со планот 3-6-9 Македонија е вратена на патот кон ЕУ и НАТО, прифатени се меѓународните препораки, вклучено е граѓанското општество и опозицијата.

Ова го изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој на прес-конференција рече дека не може да се каже колку проценти од планот е реализиран, но додаде дека спроведени се многу повеќе мерки од тоа што е прикажано во јавноста.

„Процентите на реализација се многу подобри од тие што се прикажуваат во јавноста. Мерката за реформи во судството е реализирана, уникат е советот за утврдување со факти. Доцниме со Законот за судови како и Законот за судскиот совет, а тоа е поради опозицијата, бидејќи без нив, немаме 2/3 мнозинство. Измената на деловникот на Собранието е исто така мерка која доцни“, рече Османи.

Вицепремиерот за европски прашања, вели дека не сакаат да го донесат Законот за заштита на сведоци бидејќи опозицијата не се појавила на дебата. Османи истакна дека не сака да ги слуша критиките од опозицијата за планот 3-6-9 бидејќи, како што рече, поради нив доцни реализацијата. Според него, Влада ја завршила својата работата.

„Потенцирам дека овој процес е закочен поради опозицијата, не за да ги обвинам туку да ги повикам да учествуваат во реализацијата“, вели Османи.

Истакна дека не доцнат само мерките кои се однесуваат на реформи во јавната администрација, за кои рече дека е макотрпна работа. Од мерките кои се однесуваат за борба со организиран криминал реализирани се 2, а останатите имаат рок помалку од еден месец. Османи додаде дека очекува законот за јазици, наредниот период да биде реализиран, како уште една од мерките од планот 3-6-9.

Во делот на изборите, до септември Владата треба да отвори дијалог со политичките партии, но тие не се заинтересирани и не давале конкретни мерки подвлече османи. Вицепремиерот исто така додаде дека ќе се формира поголем совет кој ќе биде инклузивен.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп