Османи: Односите со Бугарија на најниско ниво

Од:

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оцени дека неколкуте претходни протесни ноти од Бугарија до земјаваа и повикувањето на македонскиот в.д. амбасадор во Софија на разговор ги симнале односите меѓу двете земји на најниско ниво.

-Можам да констатирам дека се можеби на најниската точка во последниот период, но јас мислам дека постои потенцијал за враќање на довербата помеѓу држави, на враќање на нормалната комуникација, на враќање на меѓусебната соработка, само треба да се рационализира таа дебата и тој пристап. Изборите не помагаат обично во рационализација на таа дебата и не само во Бугарија. Така беше и кога ние имавме избори. Така е секогаш, изборите ги киднапираат нормалните политички дебати, но јас сум убеден дека во нашите односи има потенцијал да се врати дебатата на една нормална комуникација и меѓусебно почитување, рече Османи кој денеска се обрати на средба со новинарите по повод презентацијата на активностите и улогата на француската развојна Агенција во земјава.

Се надевам, додаде, и мислам дека е интерес и на Бугарија, интерес на целата ЕУ е да се фати јунскиот рок за започнување на преговори, бидејќи после тоа станува се понепредвидлив процесот, а тоа не е во интерес на регионот, не е во интерес на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции