Османи: Одлуките донесени на ниво на ЕУ ќе бидат од суштинско значење за иднината на Западен Балкан

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес учествуваше на Форумот за односите меѓу Европската унија и Балканот (EU meets Balkans), во организација на АЛДЕ – Алијансата на либерали и демократи за Европа, Атланскиот совет на Бугарија и Европскиот либерален форум и кофинансиран од Европскиот парламент, а на кој учествуваат политичари, високи официјални претставници од ЕУ и од регионот и експерти.

Министерот Османи имаше обраќање на панелот под наслов „Придобивки од интеграцијата“, на кој, модерирани од поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Фередика Могерини, настапија и министерките за надворешни работи од Албанија и Косово, замениците министри за надворешни работи на Босна и Херцеговина и Турција и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

Во своето излагање, министерот Османи се осврна на актуелниот геополитички моментум во Европа и неговиот ефект со пошироки последици за Балканот од аспект на безбедноста, стабилноста и економската состојба, но и во светло на евроинтегративните процеси на државите од регионот.

„Во седмиците што следат, одлуките донесени на ниво на ЕУ ќе бидат од суштинско значење за иднината на Западен Балкан и неговата ЕУ перспектива. Секое натамошното одложување на овој пат може да има сериозни регионални последици“, потенцира министерот Османи.

Порачувајќи дека евроинтеграцијата значи подобро справување со заедничките предизвици и уште поважно запечатување на припадноста во семејството на слободниот, демократски и прогресивен свет, министерот Османи истакна: „Придобивките од интеграцијата во ЕУ се повеќекратни и ние ги живееме речиси 20 години, но тие треба да продолжат, да се негуваат и да се доведат на повисоко ниво – почеток на пристапните преговори, што следствено ќе има поголем трансформативен и мобилизациски ефект“.

Би можело да ве интересира

Од петок почнува целосната имплементација на системот за влез/излез на Европската унија

ЕУ ги разгледува сите опции поради влијанието на војната врз снабдувањето со енергија

Иран блиску до нови правила околу Ормуз, на бродовите на ЕУ ќе им биде забрането да минуваат

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице

Речиси 20 отсто помалку жени отколку мажи се вработени во Западен Балкан

А1он

Бунфорт: Северна Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ