Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Од:

Кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ Бујар Османи денеска гласаше во избирачкото место во ОУ „Адем Јашари“ во Општина Чаир.

– Да посакам изборите денеска да бидат слободни, фер и демократски. Граѓаните да имаат можност да излезат масовно да гласаат. Да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија, изјави Османи по гласањето.

Според него, овие избори не се обични туку, како што рече, се одлучувачки избори по однос на иднината на државата.

– Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата. Очекувам да ја донесат вистинската одлука, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија