Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк се обрати на брифингот наменет за Украина.

По повод одбележувањето на две годишнината од руската инвазија врз Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации одржа брифинг за Украина, каде се обратија голем број министри за надворешни работи и други високи функционери.

“Две години од инвазијата на Руската Федерација на Украина – очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право”, истакна Османи во неговото обраќање.

Воедно ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина. Османи додаде дека ова е единствениот начин да се врати мирот и да се создадат услови за понатамошен дипломатски ангажман за праведно и одржливо решение, во согласност со меѓународното право и целосното почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

“Руската агресија против Украина ја прекршува Повелбата на ОН, која го поддржува нашиот мирен соживот и глобалната безбедност”, рече Османи додавајќи дека во текот на овие две години, народот на Украина покажа издржливост и извонредна храброст во борбата за својата слобода и независност.

Осмaни потенцираше дека правдата и одговорноста мора да надвладеат и дека одговорноста не е цел сама по себе; тоа е неопходна алатка за обезбедување на мирот, стабилноста и безбедноста и најефективниот инструмент за да се избегне ова да се повтори, на друга суверена држава, на друга нација.

“Во овие тешки времиња, Северна Македонија ќе продолжи да стои покрај Украина и нејзиниот народ, со надеж дека разумот ќе надвладее и дека животот наскоро ќе се врати во нормала”, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија