Османи: ОБСЕ суштински придонесе за демократското општество во Македонија

Од:

Мисијата на ОБСЕ имаше важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој на денешната средба со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, по повод завршувањето на нејзиниот мандат и нејзиниот заминување додадее дека оддршката на ОБСЕ уште од самите почетоци на демократскиот развој на Македонија претставува нераскинлив дел од изградбата на демократското општество.

Османи изрази огромна благодарност личниот ангажман на Суомалаинен во Македонија.

– Мисијата на ОБСЕ имаше важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, истакна Османи.

За време на разговорот соговорниците разменија податоци за поддршката и помошта која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите, граѓанскиот сектори.

Во оваа насока тие изразија задоволство од досегашната соработка и заеднички изразија надеж дека поддршката и соработката меѓу ОБСЕ и Владата на Република Македонија ќе продолжи и во иднина.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски