Османи: Нема нов договор, туку зајакнување на комуникацијата со Бугарија

Од:

Нема нов договор со Бугарија, туку зајакнување на меѓусебната комуникација на сите нивоа, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој преку својот Фејсбук профил се огласи во врска со вчерашните тврдења изнесени од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека на средбата со Захариева во Софија добил предлог за нов договор, налик на Преспанскиот, кој ќе подразбира уставни измени и со кој ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 година до денес.

Околу односите со Бугарија, и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов Договор, туку има засилување на меѓусебната…

Posted by Bujar Osmani on Среда, 14 октомври 2020

– Околу односите со Бугарија и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов Договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа. Притоа отворено разговараме за сите прашања кои произлегуваат од Договорот за пријателство, ги преземаме сите чекори за да им обезбедиме на Комисиите непречена работа, за што испративме јавна благодарност за нивниот досегашен резултат, како и охрабрување за интензивирање на нивната работа. Впрочем, Мешовитата експертска комисија веќе утре и задутре ќе одржи средба во Скопје, што ќе претставува уште еден чекор кон исполнување на обврските од договорот, нагласи шефот на дипломатијата.

Османи истакна дека посета на Бугарија била позитивна, бидејќи се отвориле сите прашања, се зајакнала меѓусебната комуникација, но најважно, се реафирмирала заедничката желба и заедничкиот интерес за европската перспектива на Република Северна Македонија.

-Тоа јавно го истакнав и јас во Софија, а го потврдија и премиерот Бојко Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева. На крајот, дозволете да повикам на сериозност и политичка зрелост. Односите со соседите не се регулираат со пласирање секојдневно информации во јавноста, а уште помалку шпекулации или тенденциозни изјави кои имаат за цел да ја вжештат атмосферата. Европската перспектива е предизвик за целата земја, а не само на Владата, и претставува обврска за секој од нас, нагласи Османи во својата објава на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава

Уставните измени треба да се спроведат, се надевам на конструктивност од соседите, порача евроамбасадорот Рокас