А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Османи не исклучува предвремени избори, Спасовски најавува наскоро обелоденување на одлуката

by А1он29/01/2019 - 16:2729/01/2019 - 16:33263
Share0

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи не ја исклучува можноста од предвремени парламентарни избори, иако лично смета дека приоритет треба да се даде на реформите и на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Вицепремиерот, пак, и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е дециден дека во овој момент е најважно земјава да ги спроведе реформите. Воопшто не се работи за евентуалната подготвеност или не на партиите, туку за одлука која ќе биде најсоодветна на ситуацијата во која се наоѓа земјата.

Добивај вести на вибер

На денешната заедничка прес-конференција во владата на која беа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров, Спасовски откри дека се во тек разговорите засега во партијата, а ќе се разговара и со коалициските партнери. Наскоро, рече, се очекува да се донесе одлуката за тоа дали паралелно со претседателските ќе има и предвремени парламентарни избори.

-Најважно за Македонија е реформите да одат со несмалено темпо, да ги зајакнеме капацитетите и да испорачуваме резултати. Тоа ќе придонесе да одиме напред. Во рамки на СДСМ разговараме се уште на какви избори ќе се оди, ќе разговараме и со коалициските партнери. Не е во прашање подготвеноста на партиите дали да се оди на предвремени парламентрани избори или не. Ако е така, веднаш треба да се оди на сите избори, туку во прашање се многу аспекти што ќе значат вистинска одлука која ќе одговара на моментот во кој се наоѓаме. Очекувам дека скоро ќе имаме и таква одлука, но таа нема да биде во зависност од реформите, ниту реформите ќе зависат од таа одлука, мора да одат со несмалено темпо, истакна Спасовски.

Османи го повтори ставот дека во ДУИ, како што нагласи „врие од желба“ да се оди на избори утре.

-Но, ние што ги следиме приликите во Брисел, ги имаме средбите со меѓународните претставници и сметаме дека приоритет треба да има овој процес што го почнавме, а треба да го завршиме и да го капитализираме со почеток на преговорите. Мојот личен став е дека избори пред првата меѓувладина конференција со ЕУ го компромитира процесот, но, сепак, ако опозицијата наметне ситуација во која можните блокади на системот би биле потешки и со поголеми последици отколку предвремни парламентарни избори, ќе треба да се стави на вага што е полошо за државата. Начелно, како адвокат на европската агенда на државата, сетам дека треба да има фокус на реформите, иако партискиот интерес покажуваа интерес за избори, нагласи Османи.

izboriosmanispasovski

Би можело да ве интересира

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

Горан Наумовски16/11/2025 - 09:19

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Горан Наумовски31/10/2025 - 07:31

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:37

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски19/10/2025 - 19:0019/10/2025 - 15:08

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски19/10/2025 - 16:3219/10/2025 - 16:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен