Османи: НДП има образовани луѓе

Од:

НДП има образовани луѓе кои ќе ја сменат сегашната состојба во општината. Кандидатот за градоначалник на Желино, Беќир Черкези ја има целата наша поддршка за реализација на проектите кои ги вети, порача лидерот на НДП и кандидат за градоначалник на општина Гостивар, Руфи Османи на митингот во основното училиштето во општинскиот центар Желино.

– ДУИ не само општина Желино, туку сите општини што ги водеше ги доведе во лоша состојба и со долгови, без патишта, без канализација и вода за пиење, рече Османи.

Кандидатот за градоначалник, Беќир Черкези, на присутните им вети дека општина ќе ја гради и ќе ја направи подбро место за живеење, со помош на нивниот глас на 24 март.

– Општина Желино е во многу лоша состојба поради неправилното досегашно менаџирање. Општинската сметка веќе долго време е блокирана, а долговите наместо да се расчистуваат, стануваат се поголеми. За сметка на ова, советниците од ДУИ земале по 800 евра плата, иако законски им следува 250. НДП има капацитет да ја поправи лошата состојба, да ја градиме општината заедно со вас. Ние ќе инвестираме во патишта, училишта во стопанството. Не ветуваме многу, но тоа што ќе го ветиме го остваруваме, порача Черкези.

Во рамките на своите предизборни активности вечерва во тетовско, НДП ќе го претстави и Рамадан Идризи како кандидат за градоначалник на општина Теарце на митинзи во Слатино и Доброште.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ