Османи на средба со ДСКС за Планот 3-6-9

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора да создаде регулатива и предуслови за спречување на злоупотреба на државните ресурси во кампањата на следните избори, како и во наредниве три месеци да ја реализира постапката во делот на извештајот за сите истраги и мерки кои ги има покренато во последните пет години според форматот на Европската комисија.

Ова денеска го истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи пред средбата со претседателот и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата која ја остварува во рамки на реализација на Планот 3-6-9 на Владата на РМ, а пред кои вети поддршка и целосна независност во нивната работа.

– ДКСК има одредени надлежности во реализирање на правната држава и во мерки кои ги предвидовме во првите три месеци од Планот. Посебно е важна мерката која се однесува за изборите бидејќи тие ќе бидат првиот тест во којшто ќе покажеме кредибилност како држава пред нашите меѓународни партнери и граѓаните, истакна Османи.

Порача дека заедно со Комисијата ќе ги направат сите предуслови со цел да се направи поделба на државата од партиите, но како што рече, и да се гарантира дека оваа институција ќе биде автономна во своето делување, независна и без никакви притисоци.

Претседателот на ДКСК Игор Тантуровски, рече дека ќе го информира Османи за остварувањата на ДКСК во препораките добиени со итните реформски приоритети но и со Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.

– Ќе го информирам вицепремиерот и за препораките кои ги добивме од ГРЕКО за кој Комисијата доби позитивни оценки и бевме пофалени на седницата во Стразбург, истакна Тантуровски.

Одговарајќи на новинарско прашање за објавувањето на анкетните листови на функционери кои беа повлечени од веб страната на ДКСК, Тантуровски рече дека е изготвено ново софтверско решение, во кое ќе се овозможи анкетните листови да бидат видливи за јавноста во период ќе биде законски регулиран. Појасни дека се чека тоа да влезе во собраниска процедура за да почнат законските измени за да можат да постапуваат по тоа.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи