Османи: На 30 септември граѓаните на мирен и достоинствен начин ќе ја изразат својата волја

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања, оствари средба со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, aмбасадорот Клеменс Која.

Османи, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата ја потенцирал важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во поддршка на реформските процеси на Владата, и изразил надеж дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи во текот на неговиот мандат.

– Мисијата на ОБСЕ одигра важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, истакна Османи, притоа додавајќи дека поддршката на ОБСЕ уште од самите почетоци на демократскиот развој на Македонија, претставува нераскинлив дел од изградбата на демократското општество.

За време на разговорот, се наведува во соопштението, соговорниците размениле информации за поддршката и помошта која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите, граѓанскиот сектор, а било разговарано и за актуелната политичка состојба во земјава и активностите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во пресрет на претстојниот референдум.

– Очекувам мирен и достоинствен ден во недела на 30 септември, каде граѓаните во мирна и достоинствена атмосфера, слободно ќе ја изразат својата волја, истакнал Османи.

Османи и Која изразиле задоволство од досегашната соработка и заеднички изразија надеж дека поддршката и соработката меѓу ОБСЕ и Владата на Република Македонија, ќе продолжи и во иднина, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски