Османи-Могерини: Владеењето на правото-континуиран бенчмарк за европските интеграции

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел имаше средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

– Се наоѓаме буквално на 30 дена од големата одлука за старт на преговорите, со што ќе се стави точка на заедничките напори изминативе две и пол години, за враќање на европската агенда во Република Северна Македонија, како и враќање на процесот на проширување високо на агендата на Унијата, рекол Османи на средбата, пренесувајќи ја благодарноста на Владата за несебичното залагање на високата претставничка за севкупниот успех на овој процес.

Ве уверувам, додал Османи, дека и во овој краток период што ни претстои, буквално херметички ќе ги затвориме сите евентуални можности за изговор или скептицизам кај земјите – членки, и со тоа заслужено ќе ја обезбедиме одлуката за старт на преговорите.

На средбата Османи реферирал и за последните актуелности во земјава особено во областа на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупција.

– Без разлика што не претставува формален услов за одлуката во октомври, владеењето на правото останува наш постојан бенчмарк за кој ве уверувам дека нема да има никакви отстапки, ниту од аспект на институционалната поставеност за борбата против криминалот и корупцијата, ниту по основ на континуираниот ‘трек – рекорд’, во спроведувањето на владеењето на правото, истакна Османи.

За време на посетата на Брисел Османи ќе има средби и со Државната секретарка за европски прашања, и претставничка на Република Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбич, а подоцна ќе оствари и работна средба со Директорката за Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за соседство и проширување во Европска Унија, ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

Работната посета на Брисел е дел од турнејата на вицепремиерот Османи низ метрополите на земјите членки на ЕУ, по која следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

ЕУ одобри заем за Украина и нови санкции кон Русија, Унгарија го повлече ветото

Горан Наумовски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба