Османи – Милков: Не треба да дозволиме провокациите на поединци и групи да ги загрозат добрососедските односи

Од:

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков. Ова е нивна прва средба, по назначувањето на министерот Милков на функцијата, во август оваа година.

Во фокусот на разговорот беше исполнувањето на заедничките обврски од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и остварената соработка во рамките на процесот на унапредување на односите меѓу двете држави информираат од МНР.

– Притоа, министерот Османи го информира министерот Милков за досега реализираните обврски од наша страна со цел имплементација на одредбите од Договорот. Меѓу другото, го издвои ангажманот на Меѓуресорска работна група за политичка координација на спроведувањето на мерките од Протоколот од Вториот состанок, со која координира Министерот за надворешни работи, како и првите состаноци на тематските подгрупи.На средбата беа разгледани и бројните провокации од групи и поединци во двете земји, кои изминатиов период засилено доминираа во јавниот дискурс. Министрите посочија дека двете министерства ќе работат активно на зајакнување на добрососедските односи, како взаемен интерес на двете земји, и нема да дозволат провокациите да го нарушат овој процес се вели во соопштението од МНР.

Се разговарало и за регионалната соработка во контекст на европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Имаме ситуација на студена војна меѓу Македонија и Бугарија, а премиерот и претседателот си играат аналитичари

Откажано бугарско гостување во театарот во Битола

Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Османи: Софија потклекна на провокациите, неосновано е повлекување на амбасадорот

Кристијан Ландов

Ковачки: Изјавите на Спасовски и на Османи се доказ дека Владата флертува со оние кои ја негираат Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со поданичкиот однос на владата на Ковачевски кон Бугарија, намерно се уриваат интересите на Македонија