Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Од:

Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи денеска на прес-конференција го промовираше механизмот „Граѓанско око“, чија цел е, како што рече, искоренување на корупцијата во општината.

„Граѓанско око“, објасни Османи, е сет од регулативи и четири реформи кои опфаќаат: јавно отворање на тендерите, независен мониторинг, јавна каса (можност со еден клик граѓаните да ги следат приходите и трошоците на Општината) и автоматска контрола со примена на вештачка интелигенција – дали нешто се спроведува незаконски.

Чаир ќе биде најтранспарентната општина во државата, најави Османи, порачувајќи дека нема да дозволи да се злоупотреби ниту еден денар од парите на граѓаните.

-Длабоко вкоренетата корупција во Чаир е корен на сите други проблеми кој по 19 октомври ќе го сосечеме и уништиме, таа ги јаде парите на граѓаните, парите за проекти кои треба да бидат во интерес на граѓаните додека моќници и профитери се богатат на нивниот грб и од нивните даноци. Не ветувам невозможни работи и празни флоскули, туку конкретни реформи кои ќе овозможат парите на граѓаните кои досега се одлеваат преку корупција, ќе завршат директно во проекти за граѓаните. Јасно порачувам дека еден денар нема да дозволам да се злоупотреби од парите на граѓаните, истакна Османи.

Според него, транспарентноста не е празно ветување, туку систем и правила кои никој не може да ги заобиколи.

-Чаир ќе стане општина на граѓаните, со транспарентност, ефикасност и чесност, на 19 октомври со ваша поддршка ќе каже сите заедно „стоп на корупцијата во Чаир“, ќе изградиме општина која ќе биде пример за цела држава. Јас и тимот сме подготвени за промената што ја заслужуваме, рече кандидатот за градоначалник.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со вчера изнесениот став на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Османи оцени дека Мицкоски е албанофоб.

-Не се изненадив од вчерашната изјава на Мицкоски по однос на неговата мисија да ја исчезне ДУИ од политичката сцена зашто по природа тој е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите. Тоа е посилно од него, но вознемирува што таа негова омраза се проектира меѓу граѓаните. Но, јас нема да дозволам таа омраза да влезе во Чаир, зашто во Чаир соживотот е свет. Ако Мицкоски го укинува балансерот, јас ветив дека ќе правам фонд за правична застапеност на заедниците во Чаир, ако го укинува албанскиот јазик, ние тука ќе правиме одделение за јазици, истакна Османи и порача дека Чаир ќе остане оаза на соживотот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата цел е јасна: паметна, дигитална и демократски правична Македонија до 2030 година

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди

Горан Наумовски

Мицкоски: И Апелација потврди дека СДС е клеветничка партија

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

Османи: Законот за правична застапеност не треба да помине

А1он