Османи ќе учествува на министерскиот состанок на Северно-aтлантскиот Совет на НАТО

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на редовниот состанокот на Северно-aтлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што заради рестрикциите наметнати од пандемијата ќе се одржи преку видео врска.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, согласно дневниот ред, предвидено е на состанокот министрите за надворешни работи на земјите-членки да дискутираат за приоритетни прашања на НАТО, како и актуелни предизвици со кои се соочува: состојбите во Авганистан, влијанието на глобалните геостратешки односи врз безбедноста на евро-атлантската област, како и пошироката регионална стабилност.

Министрите ќе го разгледаат и Извештајот насловен „НАТО 2030“ што ги рефлектира стратешките потреби и предизвици за Алијансата во наредната декада, а предвидено е да бидат одобрени и неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија во рамки на НАТО.

Во рамките на состанокот, Османи ќе се обрати на првата работна сесија, што ќе биде негов прв настап на Северно-атлантскиот Совет од стапувањето на должноста министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана