Османи: Ќе создадеме услови за одржување успешен попис во 2020 година

Од:

Нашиот план е да нема пречки да го одржиме пописот во следната 2020 година, за што подготовките ќе почнат уште оваа година, со што очекувам да имаме успешен процес од кој ќе добиеме веродостојни резултати, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, на денешната средба со Делегација на Евростат предводена од секторскиот директор, Едуардо Баредо Капелот.

Османи посочи дека новиот закон за попис е во финална фаза во владината постапка, изразувајќи очекување дека ќе биде усвоен, со што ќе влезе и во собраниска процедура.

– Потребна е поблиска соработка меѓу Евростат и институциите на Република Северна Македонија, не само како тело со високо познавање и искуство од областа, туку и како неспорен авторитет, во насока на отстранување на било каков сомнеж во веродостојноста на резултатите, што е од особена важност за земјава имајќи го предвид лошото искуство и создадената недоверба од неуспехот во спроведувањето на процесот минатиот пат, заклучи заменик-претседателот на Владата на средбата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма