Османи ќе го промовира конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина“ пред студенти на УКИМ и УТ

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе одржи средба со студентите и дел од професорите од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и од Правниот факултет при Универзитетот во Тетово, каде ќе го промовира конкурсот на Секретаријатот за европски прашања „Со европско знаење до европската престолнина“.

Вицепремиерот Османи ќе им се обрати на студентите за актуелностите со кој се соочува Република Северна Македонија во процесот на европската интеграција, а претставници на Секретаријатот за европски прашања ќе ја презентираат состојбата во процесот на европска интеграција, како и состојбата во искористувањето на ИПА фондовите.

На конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина“ можат да учествуваат студентите на општествените науки при државните универзитети, кои ќе пишуваат есеи на теми од областа на европските студии. Преку изработката на есеите тие ќе имаат можност да го покажат своето европско знаење и, како што е предвидено со правилата на конкурсот, најдобрите 12 ќе добијат можност да ја посетат европската престолнина- Брисел, преку тридневна студиска посета, каде што ќе имаат прилика да ги посетат клучните институции на ЕУ и да се запознаат со начинот на нивната работа.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски