Османи: Изборните реформи ќе бидат имплементирани навреме за претседателските избори

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Клеменс Која.

На почетокот на средбата Вицепремиерот Османи ја потенцираше важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во поддршка на реформските процеси на Владата, при што додаде дека Мисијата на ОБСЕ одигра важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото.

„Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период, и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, особено во пресрет на претседателските избори на пролет, се наш приоритет“ истакна Османи, посочувајќи и на останатите реформи кои ѝ претстојат на земјата во пресрет на новиот извештај на Европската Комисија во април следната година.

За време на разговорот соговорниците се осврнаа и на поддршката и помошта која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите, граѓанскиот сектори итн, а стана збор и за актуелните предизвици: за имплементација на Планот 18, предизвиците околу создавањето политичка поддршка за имплементацијата на уставните измени, подготовка на придонесот на земјава кон извештајот на Европската Комисија, како и за сите останати активности поврзани со европските интеграции.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“