Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Од:

Овие избори се историски во Чаир, ова е референдум за иднината на Чаир, но и референдум за достоинството на граѓаните. Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, последната пред завршувањето на кампањата. Тој порача дека изборите во недела на 19-ти октомври се историски момент за општината и за достоинството на граѓаните.

„На овие избори има само две страни. Од една страна се граѓаните на Чаир, народот кој чесно работи, скромно живее и ја сака општината. Сите вие кои сакате ред, почит и грижа за општината која ја заслужувате. Од друга страна се оние кои ја узурпираа општината за себе. Кои 20 години ја користеа за сопствено богатење, кои 20 години нудат празни ветувања пред избори а потоа продолжуваат со иста песна, корупција, неред и работа само за себе“, истакна Османи.

Според Османи, токму затоа на Чаир по 19 октомври ќе му се случи земјотрес од промените што граѓаните секој ден ги бараат. Тоа не се далечни ветувања, туку конкретни обврски што ќе ги реализира веднаш по преземањето на функцијата, потенцираше Османи.

„Ова не се ветувања за некоја иднина, ова се конкретни обврски кои ги преземам доколку ми ја доверите довербата. Но, ова не е само битка за подобра општина, ова е битка за достоинството на граѓаните“, нагласи Османи.

Во своето обраќање, тој остро предупреди на политичките и општествените процеси што, како што рече, го загрозуваат европскиот курс на државата.

„Денес гледаме како ‘српскиот свет’ продира во државата, како нашата заедница се турка на маргините, како европскиот сон се оддалечува. Чаир не смее да стане симбол на пораз. Чаир мора да биде бастион на достоинството“, изјави Османи.

Тој порача дека гласањето во недела, на 19-ти октомври има значење што оди подалеку од локалните избори.

„Вашиот глас е повеќе од локален избор. Вашиот глас е порака дека граѓаните стојат исправени, дека нема назадување, дека Чаир е срцето на нашата сила. Чаир е нашата гордост и граѓаните нема не дозволуваат никој да им гази по гордоста“, порача Османи.

Во завршницата, тој се осврна на неговиот противкандидат, нагласувајќи дека граѓаните имаат јасен избор меѓу минатото и иднината.

„Мојот противник имаше 20 години. 20 години и што добивме? Урбан хаос, дивоградби, стагнација. Ако за 20 години не донесе ред, нема да донесе ниту за 4. Чаир има избор, или да остане заробен во минатото или да отвори врата кон иднината“, истакна Османи.

Тој ја заврши пораката со повик до граѓаните да не останат рамнодушни на изборите на 19-ти октомври.

„Знам дека многумина сте разочарани и велите ‘сите се исти’. Но тоа не е вистина. Разликата е во тоа дали ќе останете дома и ќе дозволите други да одлучуваат за вас, или ќе излезете и ќе ја земете иднината на Чаир во свои раце“, потенцираше Османи.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: По изборите политиката мора да престане, време е за работа

Шукова со завршна порака: „Се бориме за нашиот дом!“

Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Предраг Петровиќ

МВР со дронови ќе го надлегува гласањето в недела