Османи им се пожалил на странските амбасадори за „произволни одлуки на ДИК со кои се краде изборната волја“

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на „Фејсбук“ информира дека на средби со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија изразил загриженост за, како што наведува, компромитирањето на изборниот процес.

– Ја изразив мојата загриженост во врска со компромитирањето на изборниот процес со произволни одлуки на ДИК со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување, пишува во објавата.

Османи укажал и на неопходноста за почитување на Охридскиот и на меѓународните договори, како и на вложувањето во реформската агенда за евроинтеграцискиот процес на државата.

Европскиот фронт предводен од ДУИ обвинува за политички инженеринг во ДИК со цел да им се одземат еден до два пратенички мандати со прифаќањето на приговори за прегласување на одредени избирачки места.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија