Османи: Горди сме што помош и поддршка за справување со Ковид-19 пристигнува од сите страни на светот

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на Национален координатор за распределба на странска помош во земјава оствари видео-конференција со билатералните донатори.

Пред учесниците на денешната видео-конференција Вицепремиерот Османи накратко реферираше за последните актуелности поврзани со КОВИД 19, како и за мерките и активностите на Владата за справувањето со оваа глобална пандемија.

„Дозволете да на почеток, во името на Владата, да изразам огромна благодарност за досегашната помош која пристигнува постојано од сите страни на светот. Тоа покажува дека и покрај силниот интензитет на кризата, тоа не го менува долгорочниот пријателски однос и досегашната успешна соработка. Искрено верувам дека овие активности и успешните меѓусебни односи ќе продолжат и во иднина, со што не само што полесно ќе се надмине кризата, туку со заедничките напори, соработката и взаемната поддршка ќе излеземе посилни од неа“, истакна Османи.

За време на Донаторската конференција Османи ги претстави приоритетите и потребите на земјава во борбата со епидемијата КОВИД 19, како и за справување со предизвиците кои произлегуваат од оваа криза. Во оваа насока Вицепремиерот ги претстави и анализите и прогнозите на Владата за социо-економските последици кои се очекуваат, како и можностите за донаторите преку поддршка и билатерална соработка да ѝ помогнат на земјата во справувањето и со овие предизвици.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски