Османи го испрати досегашниот израелски амбасадор Оријан

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска го прими во проштална посета Дан Оријан, вонреден и ополномоштен амбасадор на Државата Израел во Република Северна Македонија, со седиште во Ерусалим.

– По повод завршувањето на дипломатската мисија, министерот Османи изрази задоволство од личниот ангажман и активен придонес на амбасадорот во унапредувањето на билатералните односи и соработка, при што беше констатирано дека двете држави во континуитет негуваат блиски односи, засновани на меѓусебна доверба и почит, соопшти Министерството за надворешни работи.

МНР информира дека шефот на дипломатијата Османи изрази задоволство од поддршката и помошта што Државата Израел и ја дава на Република Северна Македонија, порачувајќи дека „Израел во нашата држава секогаш ќе има искрен пријател и партнер, што дополнително ќе се потврди и со очекуваното, полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот“.

На амбасадорот Оријан му е врачена благодарница за посветеноста во продлабочувањето на македонско-израелското пријателство и посакан успех во следните професионални предизвици.

Би можело да ве интересира

Американската армија под напад: Иран презентираше податоци за бројот на загинати

Иранците лансираа ракети кон Израел

Горан Наумовски

ИДФ: Повеќе од 80 авиони го нападнаа Иран, цел беа подземна фабрика за ракети и универзитет на ИРГК

Судири во Либан, најмалку 16 загинати: Израелската копнена операција предизвика борби во Наби Шит

Горан Наумовски

Масовен напад од ирански беспилотни летала врз американската база во Кувајт

Трамп му постави ултиматум на Иран: „Само безусловно предавање“