Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Од:

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Албанците се конститутивен народ во Северна Македонија, “со решавачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата“. Во своето годишно обраќање пред Собранието на Косово, Османи порача дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во Северна Македонија, „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“.

Косовската претседателка порача дека ќе се преземе сé „за да не се направи чекор назад“ во однос на правата на Албанците стекнати со Охридскиот договор.

-Гледаме многу загриженост кај Албанците во Северна Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор и сакам да ги уверам сите дека ќе дадеме сé од себе за да не се направи чекор назад, туку само чекори напред. Албанците се конститутивен народ во Северна Македонија со одлучувачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата, затоа секој обид за поткопување на нивните права ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан, рече Османи.

Косовската претседателка истакна дека е неопходна континуирана координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сé за заштита на правата на Албанците.

-Во оваа насока, континуираната координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сè за заштита на правата на Албанците во целиот регион и секаде каде што живеат, е од клучно значење за нашиот успех и за напредување кон евроатлантското семејство, каде што го имаме и го заслужуваме нашето место, рече Османи.

Годишниот говор на Османи во Собранието на Косово, годинава, како и лани, го бојкотираат најголемата парламентарна опозициска партија, Демократската партија на Косово, како и Алијансата за иднината на Косово, додека само пратениците на третата албанска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово, се присутни во собраниската сала.

Би можело да ве интересира

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ