Османи: Гарантирам 20 милиони евра инвестиции во Гостивар

Од:

Со ветување дека ќе реализира голем број инвестиции доколку добие уште еден мандат, Руфи Османи кандидатот за градоначалник на општина Гостовар и лидер на Националната демократска преродба (НДП), вечерва повторно ја побара довербата од гостиварчани.

– По четири години, пред вас излегувам со бел образ, со извештај за сработеното и програма која ќе ја реализраме во целост. Само политичките далтоности од ДУИ и лицето НБ тоа не можат да го видат и лажат дека гостиварската општина била изолирана, рече Османи на митингот во спортската сала во Гостивар.

Во своето обраќање потсети дека со напорна работа и посветеност, со своите соработници успеале да вратат долгови во висина од 6 милиони евра и, како што рече, да отворат нови перспективи за развој.

– Гарантираме во наредните четири години инвестиции 20 милиони евра во повеќе сфери. Парите се обезбедени, па така гостиварската општина ќе добие, филтер станица, булевари со нов асфалт, спортски сали во Дебреше и гимназијата, реконструкција на водоводната мрежа нов мост и ќе спроведеме гасификација, подвлече Османи.

Во говорот, тој се осврна и на коалицијата со Демократската партија на Турците, нарекувајќи ја историски договор кој ги надминува досегашните рамки на соработка и, како што нагласи,со тоа се враќаат вредностите на меѓусебното почитување.

На предизборниот митинг под мотото „Продолжуваме со промени“, беа претставени кандидатите за членови на советите на општините Гостивар и Врапчиште.

Од говорницата, се обратија и канадидатите за градоначалници на општина Врапчиште, Јусуф Хасани и на Тетово Изет Зеќири и лидерот на ДПТ, Ќенан Хасипи кој зборуваше на турски и албански јазик.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата