Османи: Европската комисија отсекогаш била докажан партнер на земјава

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на самиот старт на нејзината посета на Скопје.

dobivaj vesti na viber

Изразувајќи благодарност за оваа посета, Османи подвлече дека Европската комисија отсекогаш била докажан партнер на патот на евроинтегративен пат на земјава, стриктно и објективно анализирајќи ги состојбите и остварениот напредок преточен во извештаите за напредокот на државата. Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму со официјалното отворање на пристапните преговори низ процесот на скрининг.

„Оваа посета доаѓа во вистинско време, при самото заокружување на широкиот консултативен процес за предлогот на Француското претседателство и вашето денешното обраќање во Собранието го сметаме за значаен придонес во овој процес и поддршка за продолжување на нашите европски интеграции“ – истакна Османи, потсетувајќи дека е втор пат во нашата историја, Претседател на Европската Комисија да се обрати во нашето Собрание.

Првиот пат Романо Проди, на самиот старт на нашиот евроинтегративен пат, по повод потпишувањето на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, и сега на самиот старт на преговорите, како финална фаза пред нашето полноправно членство во Унијата.

Би можело да ве интересира

Македонија стана членка на Унијата за Медитеранот

Дипломатски синдикат: Трендот на елементарна јазична неписменост во кабинетот на Османи е во подем

Орце Костов

Османи за ситуацијата во Полска: Во консултации сме со сојузниците од НАТО

Османи дознал кој го финансира клубот во Благоевград, но не кажа кој ги финансира клубовите во Битола и Охрид

Орце Костов

Османи – Милков: Не треба да дозволиме провокациите на поединци и групи да ги загрозат добрососедските односи

Османи: Лага е веста дека ќе бидам сменет од функцијата министер, последниот збор го има Али Ахмети

Орце Костов