Османи: Договорот од Преспа е модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот

Од:

После три години од потпишувањето, Договорот од Преспа не само што го минува тестот на времето, туку и ги надминува границите на неговата примарна улога за Стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција, напиша попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Во статусот, Османи оценува дека Преспа е регионален симбол за умешноста на дипломатијата во надминување на меѓусебните спорови и модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот.

– За две недели, на 1-2 јули во Охрид и Отешево, токму за Улогата на Преспа и останатите носечки договори, на првата меѓународна конференција – Преспа Форум за Дијалог, стои во статусот на Османи на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите