Османи до Тимоние: Клучно е да ја отстраниме условеноста на препораката

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со Амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.

На средбата, како што соопшти неговиот Кабинет, вицепремиерот Османи истакнал дека соработката со Франција, која има историски значајна улога во процесот на одлучување во ЕУ, е од голема важност за Македонија, особено отворената поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО.

Вицепремиерот подвлекол дека позитивната клима по неодамнешната посета на Брисел, и остварените средби со високите претставници на Европската унија и НАТО, ќе се искористи како дополнителен поттик да се внесе нова енергија во спроведувањето на европските реформи.

– За нас од суштинско значење е да се отстрани условеноста на препораката на Комисијата за отпочнување на преговорите за пристапување, порачал Османи.

Посочил дека треба да се работи заеднички и посветено со цел да се придвижи Македонија кон европското семејство со вклучување на сите кои може да придонесат во процесот, нагласувајќи го придонесот и континуираната поддршка на претставниците на меѓународната заедница во земјата.

Најавената посета на Еврокомесарот Хан и Прибе со неговиот тим според Османи е уште една потврда за обновувањето на реформскиот процес.

Османи и Тимоние се согласија дека проширувањето на Унијата кон земјите од Западен Балкан мора да продолжи и дека Македонија нема друга алтернатива освен евроатлантската интеграција.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски