Османи до Кралот Чарлс Трети: Благодарни сме за тридецениската поддршка на Северна Македонија од Обединетото Кралство

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс каде што присуствуваше и Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

Како што соопшти денеска МНР, Османи изрази голема благодарност до Кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади соработка.

-Оваа година одбележуваме јубилеј – три декади од воспоставување на нашите дипломатски односи. Ќе продолжиме и во иднина овие односи да ги градиме во духот на меѓусебното пријателство и силно партнерство, напиша Османи по средбата со Кралот Чарлс Трети.

Османи и Кралот Чарлс Трети се осврнаа и на неговата историска посета на земјава во 1998 година.

Османи денеска во Лондон ќе учествува на Конференцијата за закрепнување на Украина.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија