Османи до Ескобар: Блокадата нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, кој е во посета на нашата земја.

Соговорниците разменија мислења за актуелните политички случувања, со акцент на европското досие на Република Северна Македонија, како и потребата од продолжување на процесот на преговори со ЕУ преку спроведување на уставните измени, пишува во соопштението испратено од Министерството за надворешни работи.

“САД имаат клучна улога во сите поважни внатрешни и надворешно-политички моменти од поновата историја на Северна Македонија, давајќи цврста поддршка за нашето успешно етаблирање како независна држава, длабоко интегрирана во трансатлантското семејство на модерни и функционални демократии“, истакна Османи додавајќи дека блокадата на евроинтегративниот процес нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ.

Османи искажа благодарност и за долгорочната поддршка од САД за севкупните реформски процеси, нагласувајќи дека Владата и останатите институции продолжуваат да работат со силна посветеност на спроведувањето на реформите во областа на доброто владеење, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата беше направен осврт на соработката меѓу двете земји, во рамки на Стратешкиот дијалог, а стана збор и за сојузништвото во рамки на НАТО, со акцент на поддршката за Украина, како и претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, САД – Јадранската повелба и Процесот за соработка во Југо-источна Европа.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Османи: Секоја продавница што ќе се отвори во Чаршија ќе биде субвенционирана, секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија

Османи: Чаир не смее да биде општина на стравот