Османи: Деновиве ќе донесеме пакет мерки за месецот Рамазан

Од:

Централниот кризен штаб за КОВИД-19, деновиве ќе разговара на тема месец Рамазан, изјави вицепремиерот Бујар Османи, кој истакна дека веројатно Владата ќе донесе пакет на одлуки кој се однесува на овој месец.

– Деновиве планираме во Централниот штаб да разговараме во однос на месецот Рамазан, бидејќи се работи за празник од 30 дена, со одредени специфики за да ги видиме сите околности кој се можните ризици од евентуално однесување на луѓето почитувајќи ги верските обврски, рече Османи.

Османи, воедно им за заблогодари на челниците на ИВЗ кои доброволно прифатија да ги затвораат џамиите, односно да ги забранат верските обреди веќе неколку недели.

– Мислам дека така и треба да продолжи и во наредниот период се додека не се стабилизира здравствената состојба, односно Комисијата за заразни болести не донесе одлука дека може повторно да има собирање на луѓето, изјави Османи.

Светиот месец Рамазан, е предвидено да почне на 24 април (во петок) и ќе трае 30 дена.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски