Османи дел од состанокот на Северноатланскиот совет на НАТО во Рига

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре учествува на редовниот состанок на Северноатланскиот совет на НАТО, на ниво на министри за надворешни работи во Рига Латвија.

-Важни прашања на денешната агенда, меѓу кои и актуелните безбедносни предизвици, се и руското воено групирање околу границата со Украина, како и хибридните предизвици кои доаѓаат од Белорусија, вели Османи во видеообраќање.

-Уверен сум дека ќе пратиме силна порака на единство и непоколеблива намера да ги заштитиме сојузниците и пријателите, со цел да се обезбеди мир и стабилност.

Османи информираше дека ќе се дискутира и за Западниот Балкан и геостратешките интереси на Алијансата за стабилен, прогресивен и демократски регион преку реафирмирање на европската и евро-атлантската перспектива.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана